Навивачите на германскиот Ајнтрахт од Франкфурт долго време чекаа некој забекежителен резултат на европската сцена и тој се остварува оваа сезона. Клубот е во полуфиналето на Лига Европа и за противник на претпоследното скалило го имаат англискиот Челси.

„Патувањето продолжува“, напиша Ајнтрахт по елиминацијата на Бенфика во четвртфиналето. А веднаш штом клубот објави дека почнува продажбата на билети за наредниот меч со Челси, во период од два часа симпатизерите на клубот од градот на Мајна купија нешто повеќе од 50.000 билети.

Стадионот „Комерцбанк Арена“ е со капацитет од 51.000 места за седење, па така билетот за натпреварот со англискиот великан е драгоцен. Слично беше и за натпреварот со Бенфика, а навивачите јасно покажуваат дека не сакаат да пропуштат да бидат дел од овој величенствен настап на нивните миленици во Лигата на Европа. Првата средба меѓу Ајнтрахт и Челси е на 2 мај во Германија.