Македонската репрезентативка Елена Ѓорѓиевска потпиша ја менува средината, потпиша договор со Подравка. Од десниот бек во таборот на некогашниот европски првак очекуваат да ја даде потребната агресивност во одбраната.

„Елена во екипата на Подравка може да ја даде потребната агресивност во одбраната, а секако нејзиното искуство во репрезентацијата и во европските натпреварувања ќе биде од големо значење“, велат од клубот.

Ѓорѓиевска  оваа сезона игра во романската Крајова, а ги има носено дресовите на Еуростандард Ѓорче Петров, Кометал Ѓорче Петров, Вардар, Будуќност и Баја Маре.