По триумфот над Србија, македонската кадетска репрезентација денеска ја оправда фаворитската улога против Швајцарија, ја совлада со убедливи 32-22 и обезбеди пласман на турнирот што се игра во Бугојно.

Нашите надежи тргнаа со 3-1, потоа дојде на 5-2, а веќе во 13. минута поставија целосна доминација (8-3). На полувремето беше 17-10. Не застанаа и по одморот, цврсто со голема самодоверба чекореа кон полуфиналето на овој турнир. Во 54 минута за прв пат Македонија имаше двоцифрено водство (28-18), противникот намали, но на крајот ја вративме највисоката предност.