Напаѓачот на Барселона, Лионел Меси, е прогласен за играч на неделата во Лигата на шампионите. Неговиот ефект на реванш мечот со екипата на Манчестер Ј. беше решавачки во изборот кој го направија фановите.
Во вторникот, Барселона го победи Манчестер Ј. со 3:0 на реванш-четврфиналето, а Меси постигна два гола. Според гласањето, Меси ги остави зад себе Матијас де Лигт од Ајакс, кој го постигна победничкиот гол против Јувентус, како и Фирмино од Ливерпул и Сон од Тотенхем.