Американската фудбалска МЛС лига планира да го зголеми бројот на клубови од 24 на 30. Сега во лигата учествуваат 24 екипи, но веќе траат преговори за проширување на истата, во која ќе бидат додадени уште шест нови состави.

Во 2020 година, МЛС ќе биде дополнета со Интер Мајами, клуб кој е во сопственост на легендарниот англиски фудбалер Дејвид Бекам, а исто така пред вклучување во лигата се и составите на Нешвил и Остин, но тие ќе се приклучат најрано во 2021 година. Апликации за учество во МЛС лигата имаат испратено и Сент Луис и Сакраменто.

МЛС е основана во 1993 година. Моментно дел од лигата се 21 американски клуба и 3 канадски. Актуелен шампион е Атланта Јунајтед.