Новак Ѓоковиќ настапот на првиот мастерс турнир на земја сезонава, во Монте Карло го заврши во четвртфиналето, откако со 3:6, 6:4, 2:6 беше елиминиран од рускиот тенисер Данил Медведев.

Ѓоковиќ одигра нов меч со многу осцилации и голем број на технички грешки, а сето тоа Русинот знаеше како да го казни и да го изфрли од игра најдобриот тенисер на светот.

Медведев премиерно ќе игра во едно полуфинале на мастерс турнир, каде повторно ќе има српски противник, Душан Лајовиќ, кој претходно го совлада Италијанецот Лоренс Сонего со 6:4, 7:5.