Откако не добија одговор од македонската куќа на кошарката на нивните писма упатени изминативе денови, денеска од КК Работнички упатија уште едно (како што велат последно) предупредувачко писмо до МКФ. Во истото се вели:

Неколку пати пративме дописи до МКФ за да ни одговорите на неколку прашања и да постапите по нашите барања согласно статутот на МКФ. До денес немаме никаков одговор.

1. Бараме од МКФ и нејзиниот престедател да ни достават на увид целата финансиска состојба и обврските према МКФ кои ги имаат сите членки на федерацијата и пред се прволигашите.

2. Да постапите согласно нашето барање за суспензија согласно статутот за сите клубови кои не ги испочитувале своите обврски.

3. Да ни одговорите како суспензии важат за едни клубови а за други не.

4. Зошто само Работнички и Вардар се оштетени со суспендирање на салата а за суспензија на другите клубови по други основи нема ништо.

Доколку денес не добиеме одговор на нашите барања ве уверуваме дека од понеделник ќе ја започнеме правната битка према други институции.

Ќе бараме одговорност од првиот човек на федерацијата, комесарот и сите останати кои согласно статутот ја злоупотребиле својата позиција.

Затоа ве предупредуваме за последен пат !!!

Со почит КК РАБОТНИЧКИ АД