Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на БиХ одреди парична казна од 250 евра за тренерот на Широки Бријег. Имено на дуелот со Сараево во минатото коло Гоце Седлоски бил пријавен од делегатот дека не го почитувал кодексот на облекување. Носел „фармерки“ и поради тоа добил пријава, а еве сега и парична казна.

Така тоа се прави дури и во една Босна и Херцеговина. Постои кодекс како треба тренерите да се појават на клупата. Дури и фармерките за забранети. Може да се носи панталони и тренерки но не и „џинс“, бермуди и останати работи.

Кај нас немаме никаков кодекс. Кој како сака се појавува на тренерските клупи. Во бермуди, сандали, папучи…. Фармерки!? Па тоа кај нас е како „добро утро – добар ден“.

Да потсетиме дека тимот на Гоце Седлоски викендов го игра големото дерби со Зрински на домашен терен. По ремито 0:0 кај Сараево сега Широки Бријег кој е трет на табелата игра во второпласираниот тим во шампионатот.