Италијанскиот тенисер Фабио Фоњини (18. АТП листата) е предизвикувачот на Рафаел Надал во вториот полуфинален натпревар на мастерсот во Монте Карло.

Во последниот четврфинален меч Италијанецот со 1:6, 6:3, 6:2 го елиминираше Хрватот Борна Чориќ. Фоњини имаше и тоа каков кам-бек, па откако првиот сет го загуби со само еден освоен гејм, во продолжението делуваше многу посигурно и се избори за комплетен пресврт.

Полуфиналињата се утре на програмата, каде во првиот меч Медведев се соочува со Лајовиќ, додека Фоњини и Надал играат во вториот дуел.