Фудбалската федерација на Македонија денеска во Велес одржа мини-семинар за спортските новинари по повод промената на некои од фудбалските правила кои на сцена ќе стапат во новата сезона 2019/20. Првите луѓе на судиската организација при ФФМ, Емил Божиносвки и Марјан Ристевски, пред спортските новинари од повеќе медиски куќи кај нас елаборираа дел од новитетите кои фудбалските судии ќе ги применуваат и во домашното првенство почнувајќи од новата сезона.