Со победата од 2:1 вечерва над екипата на Реал Сосиедад, фудбалерите на Барселона дојдоа чекор поблиску до шампионскиот наслов во Ла Лига. Во интересен меч во кој и гостите од Сан Себастијан имаа свои минути, каталонците поведоа дури во финишот на првото полувреме со погодокот на Ленглет.


На стартот на вториот дел гостите преку Хуанми успеаја да дојдат до 1:1, но Барселона едноставно само две минути подоцна преку Жорди Алба дојде до победа од 2:1.

Барселона има 9 бода пред Атлетико (М) на врвот на табелата во Ла Лига, додека Реал Сосиедад останува на 10. место во златната средина.