Кошаркарите на Бостон на гостувањето кај Индијана славеа со 104-96 и поведоа со 3-0 во плеј-оф серија. Селтиски се најдоа на победа до пласман во конференциското полуфинале.

Гостите одиграа одлично во првата четвртина 41-28, имаа само една цел, да дојдат до третата победа. Но, домашниот тим заигра многу подобро, врати со 33-18 и на полувремето замина со минимална предност. Голема битка се водеше на теренот до самиот финиш, Селтикси со серија од 13-4 успеаја да поведат со седум коша, предност која ја одржуваа во решавачките 12. минути.

Браун со 23 поени беше најефикасен, Ирвинг имаше дабл-дабл од 19 поени и 10 асистенции. во редовите на Индијана Еванс забележа 19 поени.

Оклахома се врати во живот, на домашен терен го совлада Портланд со 120-106 и намали на 2-1.

Вестбрук со 33 поени и 11 асистенции ги предводеше Тандерс, Пол Џорџ беше втор стрелец со 22 поени, на другата страна Лилард запиша 32 поени.

Резултати: Орландо – Торонто 93-98 (2-1), Индијана – Бостон 96-104 (0-3), Оклахома – Портланд 120-108 (1-2).