Шкендија денеска се среќава со Македонија ЃП, тимот против кој шампионот едноставно обожава да игра. Како и не би кога на последните 12 официјални мечеви, од 2013 година па до сега, „лавовите“ немаат ниту една победа против Шкендија.

Вкупниот биланс е 9 победи за шампионот, и три ремија со гол разлика 31:6.  Посебно тетовци се моќни дома, имено на пет средби против Македонија ЃП имаат пет победи, двпати со по 5:1, двапати со по 3:0 и еднаш со 2:0.

Но нели, за се има прв пат. Македонија ЃП има добар , искусен тим, може да изненади, ако не денеска тогаш кога. Сепак да бидеме реални, од другата страна е шампионот со Агим, Муслиу, Радески, Алими, Жуниор и другите од редовите на Шкендија која и оваа сезона делува како казнена експедиција, и и недостига само уште четири победи, може и помалку, за да биде одново првак.