Пеп Гвардиола нема да може да смета на Кевин де Брујн за мечот на сезоната, големото дерби со Манчестер Јунајтед во Премиерлигата.

Брујн заработи повреда уште во првото полувреме во дуелот со Тотенхам, во кој Манчестер Сити славеше со 1:0. По средбата стратегот на Сити, делуваше загрижено, но дека уште не се знае точната сериозност на повредата.

„Не зборував ниту со него, ниту со докторите, и не знам дали е повреда на мускулот. Не знам колку е сериозно, но мислам дека нема да игра на следниот натпревар“, изјави Гвардиола.