Македонската експедиција во Словенија која беше претставувана од нашиот У15 соста деновиве одигра два пријателски мечеви со соодветниот домашен противник. Резултатите од двата одиграни мечеви се ставаат во втор план, а најважната вест од овој двомеч е дека нашиот млад репрезенттивец Андреј Аризанковски како и целиот наш екипаж избегна трагедија.

Имено, на вториот натпревар Аризанковски влезе во второто полувреме и по судар глава со глава со еден од своите соиграчи падна како покосен на теренот. Веднаш стана јасно дека нешто не е во ред и медицинската екипа на нашиот национален тим предводен од доктор Маја Петрушевска, специјалист по уиргентна медицина, како и физиоретапеутот Горан Ѓошев реагираа моментално. Секунди беа во прашање затоа што младиот играч беше во бессознание, и веднаш сите помислија да на најлошото. Се реагираше веднаш,  реанимација, вадење на јазикот со „ервеј“, вкучучување на концентрирана гликоза, инфузионен раствор, инфузија, и се што беше потребно за да Аризанковски, биде вратен во свест. Целата ситуација траеше десетина минути, по што нашиот млад репрезентативец беше пренесен во Љубљанската болница, каде што бепе задржан на 24 часовна опсервација.

Првичните информации велеа дека состојбата на Аризанковски од час во час се подобрува, а младиот играч авионски беше  пренесен во Македонија во текот на денешниот ден, благодарение на одличната соработка помеѓу Словенечката и Македонската словенечка федерација. Фудбалската федерација напорно работи  за да медицинските лица кои се дел од нашите младински но и сениорски репрезентации бидат високо обучени за вакви ситуации, па доктор Маја Петрушевска и нејзиниот асистент Горан Ѓошев заслужуваат секоја пофалба за навремената и спретна реакција со која што се спречи Аризанковски да има далеку поголеми последици од овој немил настан.