Неколку часа откако Јувентус ја освои титулата во Серија А, Интер и Рома во дербито на 33. коло одиграа нерешено 1:1. Веќе трет меѓусебен меч на овие два тима завршува без победник, откако и во првиот дел од сезоната на теренот во Рим, Рома и Интер одиграа 2:2.

Вечерва гостите тргнаа со водство благодарение на голот на Ел Шарави во 14. минута. Во второто полувреме Интер се врати со погодок на Перишиќ за израмнување во 61. минута, по што и двата тима не успеаја да дојдат до реализација за победа.

Интер останува трет со 5 бода предност пред Милан, додека Рома со 55 бода се уште е надвор од четворката која ќе обезбеди место во ЛШ.