Српскиот тенисер Душан Лајовиќ во Монте Карло го оствари најголемиот успех во кариерата! Се пласира во првото финалето мастерсот во Монако откако го полуфиналето го совлада Русинот Данил Медведев со 7:5/6:1. Она што е поинтересно е што до финалето Лајовиќ стигна без да изгуби сет на турнирот во Кнежевството.

Денеска, Србинот имаше проблеми само на стартот кога Русинот поведе со 5:1, но потоа се стабилизира и почна да напаѓа и со голем пресврт го доби првиот сет. Во вториот Медведев имаше проблеми, а Лајовиќ вешто ја користеше секоја негова грешка – дури врза 10 гемови, а потоа дојде и до големата победа.