Гостивар забележа нова победа, на домашен терен го совлада Куманово со 86-84 (18-17, 22-21, 24-20, 22-26) во последниот меч од второто коло во Супер-лигата благодарение на Александар Костоски. Искусниот плејмејкер во последната четвртина постигна десет поени од вкупните 16.

Прв стрелец кај победникот беше Фустингер со 23 поени, на другата страна Ѓекиќ имаше 22 поени.

Гостите на стартот имаа водство од 6-11, избраниците на Марјан Србиноски вратија со серија од 10-0 и дојдоа на плус пет (16-11). Гостивар ја имаше контролата и во следниот период, пред одморот поведе со највисоки 40-31, но Куманово не падна, намали на 40-38 на полувремето.

Ништо поразлично не беше ниту во продолжение. Домаќинот се обидуваше да го одржи ритамот, одеше по „тенка“ линија. Во одлучувачките десет минути, Куманово отвори со серија од 10-2 за враќање на водство од 66-68 по она во првата четвртина.

Дуелот влезе во незивесна завршница, се играше кош за кош, на крајот победи тимот кој помалку грешеше, во случајов Гостивар. Александар Костоски во последните три минути постигна две важни тројки, ја стопи негативата, а потоа на 30 секунди со нов удар толку од линијата за три поени за завери втората победа во Супер-лигата.

Работнички е лидер на табелата со 42 бода, зад него е МЗТ Скопје со 41, третото место е резервирано за Гостивар кој има 38 бода, еден повеќе од Блокотехна, по што следуваат Кожув и Куманово.