Асоцијацијата на професионални фудбалери, ПФА, денеска ја достави листата на номинации во изборот за најдобри фудбалери во тековната сезона во англиската Премиер лига.

Во конкуренција за една од најпрестижните индивидуални награди се најдоа Вирџил Ван Дајк од екипата на Ливерпул, неговиот соиграч Садио Мане, како и триото на Манчестер Сити, Стерлинг, Агуеро и Бернардо Силва, а шестата номинација му припаѓа на најдобриот фудбалер на Челзи, Еден Азар.


Минатогодишниот освојувач на наградата, Мо Салах, не се најде во листата на номинации.

ПФА денеска ги објави номинациите и за најдобар млад фудбалер. Таму пак се најдоа: Трент Александер-Арнолд од Ливерпул, Бернардо силва и Рахим Стерлин од Манчестер Сити, Декланн Рајс од Вест Хем, Дејвид Брукс од Бурнемаут, како и напаѓачот на Манчестер Ј., Маркус Рашфорд.