Кирил Лазаров и Нант дојдоа до победа 25:32 (13:18) на гостувањето кај Тулуз и направија чекор напред во француското првенство во трката која води до место во Лигата на шампионите следната сезона.

Клучната разлика против Тулуз, Лазаров и соиграчите ја направија во завршницата на првото полувреме, кога влегоа во серија и дојдоа до највисоки 13:18 на паузата. Во продолжението ја задржаа таквата предност и ја зголемија (20:26, 23:30), за на крајот да слават со 25:32.

Лазаров постигна два гола од четири обиди, а имаше и две асистенции, додека Турна со 6, како и Гурбиндо и Ривера со по пет гола беа најефикасни во редовите на Нант.

На Нант во прилог му е и поразот на Монпеље во големото дерби со ПСЖ (33:26), со кое сега Монпеље има два бода помалку од тимот на Лазаров.