Кристијано Роналдо вечерва стана првиот играч кој успеал во својата кариера да се закити со шампионски наслови во три од петте најсилни европски национални првенства, оние во Англија, Шпанија и Италија.

Португалецот денеска и официјално стана шампион на Италија и тоа во својата прва сезона во Јувентус, откако „Старата Дама“ славеше на домашен терен над Фиорентина со 2:1. Тој претходно ги освои  шампионските наслови во Шпанија со Реал Мадрид (2012 и 2017) и во Англија со Манчестер Јунајтед (2007, 2008, 2009).