Во салата „Младост“ во Гостивар како домаќин Работнички го совлада Кожув и дојде до 20-тата победа во првенството. Лидерот ја поврди својата фаворитска улога и триумфираше со 88:56.

Најефикасен беше Бобан Стајиќ кој забележа 18 поени, а залудни беа 17-те поени на гостинскиот кошаркар Пајн.

Во сите четвртини Работнички имаше позитива, а најмногу во втората која ја доби со 23:8. Првата беше 21:15, третата 20:14, додека последната 24:19.