Тиквеш по малку изненадувачки не дојде до победа на гостувањето во Каменица, каде со Саса одигра само 1:1. Според кавадарчани, тие биле оштетени од страна на судиската тројка на чело со Влатко Илиоски од Прилеп.

Свој коментар за „Спортмедиа“ има Миле Масларков, претседателот на ФК Тиквеш…

„Слободно можам да кажам дека сме ограбени од судиите, едноставно драсично сме оштетени. Јас не знам, ниту ме интересира за кого се свиреше или судеше денеска, но знам дека се судеше против Тиквеш. Тоа што се случи во 5.минута беше комедија. Топката ја имаше Васко Митрев, беше фаулиран, топката си ја зема домашниот играч и со даде гол, иако сите застанаа на теренот. Не знам навистина што и како понатаму, не сакаме да носиме прерани заклучоци, но искрено размислуваме дури и да ја напуштиме лигата. Молиме само да не остават да играме фудбал, ништо повеќе“ ни изјави првиот човек на Тиквеш.