Металург од групата два и Бутел од групата три се екипите кои ќе му се приклучат на Еурофарм Работник (победникот од групата еден) на завршниот турнир од ракометниот Куп на Македонија. Нивниот пласман во четворката која ќе се бори за првиот трофеј на домашната сцена сезонава, воопшто не претставуваше изненадување.

Металург на свој терен рутински дојде до победа над Пролет во финалето од групата два. Убаво го отворија мечот со серија од 4-0, а потоа таквото темпо и резултатска предност ја одржуваа помалку или повеќе (8:4, 11:6, 21:17, 30:27) до крајот на средбата.

Бутел, пак, откако во полуфиналето ја елиминираше можеби најголемата закана во групата три, Пелистер, потоа без проблеми го мина Тиквеш во финалето и премиерно се најде на Ф4.

Последниот патник на фајнал-форот во Купот на Македонија ќе го добиеме утре во Струга, каде гостува бранителот на титулата Вардар, во финалето од групата четири.

КУП НА МАКЕДОНИЈА

ГРУПА 2

Полуфинале:

Радовиш – Пролет     16:39 (7:16)

Металург – Кисела Вода Ј.   39:21 (16:12)

Финале

Металург – Пролет    31:29 (16:15)

ГРУПА 3

Полуфинале:

Тиквеш – Борец         40:31 (17:13)

Пелистер – Бутел       20:29 (10:15)

Финале:

Бутел – Тиквеш        36:29 (24:13)

ГРУПА 4

Полуфинале

Вардар – Прилеп       45:21 (23:11)

Струга – Металург 2  36:28 (16:15)

Финале (21.04.2019)

Струга – Вардар         18:00ч.