Никола Илиевски – Џиџи е казнет со едномесечна забрана за водење на својот тим Ренова. Ова е одлука на Дисциплинската комисија на ФФМ. Тој, така барем велат официјалните извештаи, за време на натпреварот со Работнички одигран минатата недела, насилнички се однесувал кон судиите, затоа и бил исклучен.

Ренова ќе биде без услугите на Џиџи се до 15 мај, тоа значи дека денеска на мечот со Вардар тимот ќе го води еден од неговите помошници. Мала утеха за тренерот на Ренова е таа што тој ќе може да ја води својата екипа во последните две кола, и тоа на гости кај Шкупи (19 мај) и во последното коло со Шкендија (26 мај).