Академија Пандев против Беласица на полувремето е 0:2, и можеби по малку изненадувачки резултат за тимот кој се бори за второто место на табелата, но од друга страна можеби не со оглед дека и обложувалниците како да знаеја дека ќе може да биде „двојка“, па ги намалија коефициентите. Дробаров донесе водство за Беласица после изведен корнер и мешаница, а потоа Георгиев од 7-8 метри го најде патот до голот.

Шкендија има убедливи 3:0 над Македонија ЃП и веќе триумф во „џеб“. Радески два пати во 8. и во 31. минута, а Имери во 40. го донесоа ова убедливо водство.

Филип Најдовски од Вардар беше побрз од свирката на дуелот со Ренова и во 45. минута по нафрлена топка од Фелипе, го најде патот до мрежата на „гипсарите“.

На дуелот кој се игра во Кочани, Победа и Шкупи играат без голови, а иста ситуација и во Кратово каде што Силекс го пречека Работнички.