Италијанскиот тенисер Фабио Фоњини лесно и убедливо го победи Рафаел Надал во второто полуфинале на мастерсот во Монте Карло. Фоњини го совлада искусниот шпански тенисер со 6:4/6:2 и закажа финале против српскиот тенисер Душан Лајовиќ. Притоа Италијанецот му ја запре серијата на Рафа од 18 победи во Монте Карло.

Фоњини ќе го брка својот прв трофеј од Мастерс 1000 серијата, а вкупно трет во кариерата. Има еден од минатата година во Лос Кабос, Мексико (АТП 250) и еден на Австралија опен во парови во 2015.

Финалето во Монте Карло е утре со почеток во 11 часот.