Со победата над Фиорентина од 2:1, Јувентус денеска на 5 кола пред крајот на италијанската Серија А ја освои титулата на Апенините. „Бјанконерите“ денеска пред своите навивачи беа подобри од Фиорентина и успеаја да го потврдат она што сите го очекуваа на „Алијанц Арената“ во Торино.

Мечот за гостите од Фиренца почна одлично, откако Никола Милинковиќ отвори со гол во 6. минута, но Јувентус се потруди до крајот на полувремето да дојде до реми. Во 37. минута погоди Алекс Сандро за 1:1.

 

Олдуката за трите бода кои беа печат на Скудетото дојде во 53. минута, и тоа со автоголот на Пецела.

 

За Јуве ова е 37. Скудето, а официјално 35. со оглед на тоа што Италијанската федерација не им ги признава титулите одземени поради аферата Калчополи.