Вардар очекувано е последниот патник во завршницата во Купот на Македонија. Актуелниот бранител на пехарот во финалето го совлада тимот на Струга со убедливи 29-24.

Избраниците на Роберто Гарсија Парондо одиграа одлично прво полувреме, во кое имаа позитива од седум гола 17-11. До крајот ја имаа полесната задача, рутински го приведоа мечот.

Во битката за пехарот претходно место обезбедија Металург, Бутел и Еурофарм Работник.

По овој дуел Вардар целосно ќе се насочи кон најглавната битка оваа сезона двомечот од четвртфиналето во Лигата на шампионите, последниот чекор до фајнл-фор завршницата во Келн. Првиот натпревар „црвено-црните“ го играа во четврток на домашен терен со почеток во 20 часот, реваншот е закажан за 5. мај.