Чудни се фудбалските патишта, посебно кога станува збор за некогаш младите и талентирани момци. Па така и со нашите Доријан и Давид Бабунски, некогаш надежи на Реал Мадрид и Барселона. Кога се мислеше дека ќе дојде денот да играа братско дерби, односно да имаат братска пресметка на едно Ел Класико, тие денеска се пресметаа во меч од јапонска втора лига. Уште поинтересно е тоа што беа резерви за своите екипи и влегоа во иста минута, иста секунда на терен. Мачида – Омија 0:1, значи постариот Давид победил… некогаш беа големи надежи… а сега…