„Црвените“ на Јирген Клоп обезбедија очекувана победа на гостувањето во Велс против Кардиф Сити од 2:0 и повторно го запоседнаа врвот на табелата во англиската Премиер лига. „Мртвата трка“ за титулата во Премиер лигата продолжува, откако денеска Ливерпул со два гола во вториот дел успеа да дојде до цел плен на гостувањето кај еден од тимовите кои грчевито се борат за опстанок.

Гостите поведоа со голот на Вајналдум во 57. минута, додека во 81 минута Милнер успеа да го потврди триумфот на „црвените“ со гол од белата точка, на кој му претходеше прекршок врз Салах во домашниот шеснаесетник.

Во вториот меч одигран попладнево, Арсенал остана шокиран пред своите фанови, откако беше поразен од Кристал Палас со 3:2. Гостите поведоа со голот на Бентеке уште во 17. минута, а Арсенал со голот на Озил израмни на стартот на второто полувреме. Заха и МекАртур се погрижија гостите повторно да с евратат во предност, овој пат со убедливи 3:1, а Обамејанг во 77. минута намали на 3:2.

Со овој пораз Арсенал ризикува да го загуби 4. место на табелата, каде се наоѓа заедно со Челзи со по 66 бода. Зад петици им е и Манчестер Ј. кој има 64.