Милвоки и Хјустон делува дека експресно ќе ја затворат плеј-оф серијата со Детроит, односно Јута, со оглед на тоа дека и двата тима имаат 3-0 предност.

Милкови е доминантен во серијата против Детроит, на кој не му помогна ниту враќањето на Блејк Грифин. Домашните кошаркари имаа проблеми и со личните грешки во третиот натпревар што дополнително им ја комплицираше работата. Бакси изгледаат самоуверено со оглед на тоа дека трите натпревари ги добија со просечна разлика од 24 поени, па мечот број четири лесно би можел да биде и последен во оваа серија. Крис Мидлтон со 20 поени беше најдобар поентер, следен од Брук Лопез со 19 поени, додека Ерик Бледзо и Јанис Антетокумпо имаа по 14 поени. Кај Детроит Грифин постигна 27 поени, додека Реџи Јексон имаше 15 поени.

Ниту Јута не може да најде решение за Хјустон, кој дојде до нова победа и покрај фантастичното издание на Донован Мичел (34 поени). Но, тој сам не можеше против расположениот ривал, кој предводен од Џејмс Харден, 22 поени е на чекор до затворање на серијата.

Денвер ја врати серијата на почеток со победата од 117:103 на гостувањето во Сан Антонио, во четвртиот меч од плеј-офот на Западот. Од -12 во првото полувреме Нагетс дојдоа до толкава предност од фузиозната трета четвртина, која им донесе нова победа. Српскиот кошаркар Никола Јокиќ имаше дабл-дабл (29 поени, 12 скокови), додека Џамал Мари постигна 24 поени. Кај Спарси Ламаркус Алдриџ постигна 24 поени додека Демар Дерозан имаше 19 поени.

Филаделфија со втората победа во Бруклин (108:112) поведе со 3:1 во серијата. Џо Ембит одново беше на врвот на задачата со 31 поен и 16 скокови, додека Тобијас Херис постигна 24 поени.

РЕЗУЛТАТИ

Детроит – Милвоки   103:119 (0-3)

Јута – Хјустон 101:104 (0-3)

Бруклин – Филаделфија       108:112 (1-3)

Сан Антонио – Денвер         103:117 (2-2)