На вардаровата бајка доаѓа крајот. Газдата на клубот Сергеј Самсоненко се откажа од големиот проект. Иако е тешко да се прифати, но доколку не се најде нов финансиер, Лигата на шампионите ќе стане минато, во СЦ „Јане Сандански“ нема да гледаме европски, овој состав заминува во историја. Од следната сезона Вардар ќе биде обичен тим…

Според многумина Самсоненко требало тажната вест да ја соопшти по дуелот со Пик Сегед, истите тие се сомневаат дека ракометарите нема да одиграат врвно. Покрај изјавите кои ги дадоа дел од играчите, од РК Вардар стигна порака, која е целта и со каков мотив ќе влезат на двобојот со унгарскиот тим.

Фотографијата во продолжение доволно говори за тоа..Ние не се сомневаме, сите до еден се професионалци, кој не сака од Скопје да замине со уште еден резултат за паметење.