Бразилската ѕвезда Нејмар конечно се враќа на фудбалските терени и тој вечерва ќе биде во составот на ПСЖ во дуелот со Монако (вечерва, 21 часот) на која „светците“ најверојатно ќе се промовираат во шампиони на Франција.

Нејмар поради повреда на стопалото е надвор од игра од јануари годинава, а сезонава настапи само на 13 првенствени натпревари и постигна исто толку погодоци.

Уште една добра вест за ПСЖ е што покрај Нејмар од следната недела се враќа уште една повредена ѕвезда, Едисон Кавани, кој ќе биде подготвен за финалето на Купот со Рен.