Од денеска Кочани, односно љубителите на фудбалот во овој град, може да се пофалат дека има стадион на кој трибината има и столчиња. Нешто што е нормално во светот, но кај нас и ова е вест, секако за поздравување. Денеска стадионот „Никола Мантов“ блесна во ново руво, како што рековме веќе, со столчиња на единствената трибина. Инаку интересно е тоа што пред неколку денови, ФК Осогово се произнесе дека би сакал да го организира финалето на Купот на Македонија, кое закажано за 22 мај, и да се игра токму на овој стадион.