Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед и еден од најдобрите чешки фудбалери на сите времиња Карел Поборски откри дека во 2016 година за малку ќе умрел поради мозочна инфекција. Поборски играше за „црвените ѓаволи“ во периодот од 1996 до 1998 година, а еднаш беше шампион на Премиер лигата.

Причината за здравствената состојба бил крлеж, кој се забил во брадата на поранешниот чешки репрезентативец. Сериозниот развој на оваа болест барало итна операција, а од тогаш Поборски мора да носи специјална маска за да ги заштити очите.

„Да дојдeв во болница еден ден подоцна, ќе бев мртов. Лекарите ми кажаа дека сум требало да дојдам многу порано. Веднаш ме успаа, а кога ме разбудија ме прашуваа како се викам и да ме прашуваа таблица множење со седум“, раскажува Поборски за „Гардијан“.

„Сите мускули на лицето ми беа парализирани. Имав мозочна инфекција. Поминав три недели во карантин во болницата и постојано ми ставаа силни антибиотици директно во вените. Не можев да јадам Дури и очите ги држев затворени, затоа што ми сметаше светлината. Никогаш не сум се плашел така за животот“, додава европскиот вицепрвак со Чешка од ЕУРО 1996.