Манчестер Јунајтед на гостувањето кај Евертон беше декласиран со 4-0. Тим-менаџерот на „црвените ѓаволи“ по мечот одлучи да им се извини на фановите поради катастрофалното издание на неговиот тим.

„Од првиот момент се тргна наопаку. Сакам да им се извинам на фановите, само тие можат да ја држат главата исправено. Евертон беше подобар од нас во сите сегметни во играта. Требаше да поправиме многу работи за да дојдеме до резултта, талентот не беше доволен. Не игравме. Ова денеска не беше вредно на името на Мачестер Јунајтед“, рече норвешкиот стратег, кој минатиот месец доби тригодишен договор.