Македонскиот стратег Чедомир Јаневски е потенцијален кандидат за тренер на белгиски Остенде, според тамошните медиуми.

Јаневски, кој во моментов е тренер на египетски Исмаили, се споменува како најсериозна опција по Свен Ванденброк, со кој неофицијално клубот веќе се обидел да преговара.

Нашиот тренер претходно двапати водеше тимови во Белгија, последен пат во сезоната 2016-2017 кога беше на клупата на Беверен.