Голден Стејт се на најде на чекор до конференциското полуфинале, на гостувањето кај ЛА Клиперс дојде до третата победа, откако славеше со 105-113 за 1-3 во плеј-оф серијата.

Петтиот меч кој се игра 25 овој месец може да биде одлучувачки, а улогата на домаќин ја имаат Вориорс.

Првите 12. минути гостите ги решија во своја корист, имаат десет поени предност (22-32), Клиперси заиграа многу подобро во продолжение, па на полувремето намалија на осум поени. Не застанаа тука, приредија нова добра трета четвртина (30-25) за целосно враќање во мечот.

Кошаркарите на Голден Стејт не дозволија средбата да отиде во друг правец, па на крајот ја запишаа третата победа. Кевин Дурент со 33 поени, седум скока и шест асистенции беше прво име, Клеј Томпсон запиша еден поен помалку, додека Стеф Кари имаше дабл-дабл од 12 поени и 10 скока.

Оклахома е на работ на елиминација, по онаа прва победа, Расел вестбрук и неговите соиграчи не успеаја да направат уште еден важен чекор, на гостувањето кај Портланд беа совладани со 111-98 и сега имаат негатива од 3-1 во плеј-оф серијата.

На чекор до полуфиналето се најде и Торонто, кој на гостувањето кај Орландо славеше со 85-107.

Резултати: ЛА Клиперс – Голден Стејт 105-113 (1-3), Орландо – Торонто 85-107 (1-3), Оклахома – Портланд 98-111 (1-3).