Кристијано Роналдо и кога е надвор од терените е во центарот на вниманието. Португалскиот фудбалер од вчера е во Дубровник, секој негов чекор е под „лупата“ на новинарите во Хрватска.

Покрај тоа што со неговата девојка се сместени во вила која чини повеќе од 7.000 евра по ноќ и претходно гости биле познати имиња како Елизабет Тејлор…тој добива посебен третман, каков што ниту Ангела Меркел не го уживала за време на нејзиниот престој во овој град.

Роналдо и Џорџина посетија еден од луксузните ресторани во Стариот град, а до таму беа дојдоа со специјално комбе кое ги остави пред вратата. Ова го има доживеано само папата Иван Павле 2, пишуваат хрватските медиуми.