Зинедин Зидан призна дека во клубот на големо се размислува на промени во тимот, ова лето на „Сантијаго Бернабеу“ треба да пристигнат нови имиња.

Веќе е познато дека главна причина е лошата сезона, Реал Мадрид остана со празни раце, а францускиот стратег веќе го скроил списокот на фудбалери на кои ќе им се заблагодари, открива „АС“.

На оваа листа се најдоа: Герет Бејл, Маркос Љоренте, Маријано Дијаз, Тони Крос и Дани Себаљос.

Зидан сака во тимот да направи простор за нови фудбалери кои ќе внесат свежина и заедно со искусните Серхио Рамос, Лука Модриќ и Карим Бензема ќе го вратат Реал кон врвот.

Истиот извор наведува дека засега не е позната судбината на Иско, кој одамна сакаше да си замине од клубот, но најпрво ќе разговара со тренерот пред да донесе било каква одлука.