Јулиан Дракслер, германскиот репрезентативец, многу бргу ќе  си оди од Пари Сен Жермен. Оваа вест утринава ја објави престижниот Лекип, вест која секако дека и не е неочекувана. Имено иако Дракслер поседува неспорни квалитети, тој сепак не успеа да се наметне како битен фактор во играта на „светците“ еве веќе две години, па така иако договорот со шампионот на Франција му истекува во 2021 година, тој има намера да си замине.

Раководството на клубот веројатно ќе му даде одврзани раце на Германецот, се со цел тренерот Томас Тухел да добие уште една супер ѕвезда во тимот, евентуално ако Мбапе или Нејмар си заминат. Од она што се претпоставува, Дракслер, ако си замине од Париз, би можел да се врати во Бундеслигата, да потсетиме дека пред да дојде во ПСЖ во 2017 година за 36 милиони евра, беше член на Шалке и Фолфсбург.