Изненадувачки резултат на последниот натпревар од 33. коло во италијанската Серија А. Екипата на Наполи го претрпе вториот пораз сезонава на домашен терен, првиот беше од Јувентус, а овојпат настрада од Аталанта. „Кец у два“ што би се рекло во обложувачки жаргон затоа што Наполи водеше во првото полувреме, а Аталанта го сврте резултатот во вториот дел.

На стартот на мечот тренерот на Наполи Карло Анчелоти имаше проблеми и мораше да го смени дефанзивецот Кирикеш кој се повреди, а го стави во игра Себастијано Луперто. Во 28. минута Дрис Мертенс ја погоди мрежата на гостите за предност на Наполи. Пред крајот на првото полувреме Аталанта можеше да изедначи, но Оспина во последен момент спаси.

Но во второто полувреме домашните настрадаа – двапати. Дуван Запата во 69 минута добро го следеше центаршутот на Иличиќ и заби за 1:1, а во 80. минута во фантастична акција на играчите во сино-црни дресови Марио Пашалиќ кој донесе водство и победа за Аталанта. Пред крајот на мечот Каљехон се најде во убава шанса но во ситуација еден на еден голманот му го одбрани шутот.

Аталанта сега е петта на табелата со исто бодови како и четвртиот Милан. Тимот од Бергамо го држи курсот за ЛШ.