Арпад Штербик по заминувањето во Веспрем не блеска како деновите во Вардар. Искусниот голман кој беше една од главната причина за титулата во Лигата на шампионите, како и пласманот на Ф4 следната година, оваа сезона ретко кога можеме да го видиме во изборот на ЕХФТВ.

По подолго време некој се сети на Штербик. Двајцата новинари Маркус и Хана кои се задолжени да ги пренесат сите детали на љубителите на ракометот од мечот на неделата го скроија својот „Дрим тим“ оваа сезона, а во него се најде токму искусниот голман. Маркус и Хана го номинираа Иван Чупиќ од Вардар, а според нив најдобар тренер е Роберто Гарсија Парондо.

Утринава новинарите соработници гласаа за најдобриот тим во ЛШ сезонава, деталите може да ги прочитате ТУКА. 

Веспрем за кого настапува македонскиот репрезентативец, Дејан Манасков во четвртфиналето за противник го има тимот на Фленсбург.