Фудбалскиот дом на германскиот Бундеслигаш Борусија (Д), стадионот „Сигнал Идуна Парк“ е убедливо најпосетениот фудбалски стадион во Европа за последните 5 години. Анализата направена за посетеноста на европските фудбалски терени во периодот од 2013 до 2018 година, покажа дека на натпреварите кои се одиграни на овој германски стадион во просек доаѓале по неверојатни 80.230 гледачи, што преставува апсолутен рекорд.

На второто место во класификацијата според посетеност се најде стадионот на Манчестер Ј., каде просечната посетеност изнесува 75.218 гледачи, додека фудбалскиот храм на шпанскиот првак Барселона, „Камп Ноу“, се најде на 3. место со просечна посета од 74.876 гледачи. Во ТОП 5 најпосетени европски стадиони во последните 5 години се најдоа и „Алијанц Арена“ во Минхен со 73.781 гледач во просек и „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид со просечна посета од 69.822 гледачи.