Фудбалерите на Челси и на Барнли одиграа ефикасен натпревар на „Стемфорд бриџ“, а од ремито 2:2 може да биде задоволен само гостинот, а никако домаќинот кој загуби два бода во трката за Лигата на шампионите. Сите голови паднаа во првите 25 минути од натпреварот, а потоа мрежите мируваа иако имаше уште многу време за уште некој погодок.

Гостите поведоа со убавиот погодок на Џеф Хендрик, меѓутоа во следните шест минути Челси направи пресврт, прво Канте на асистенција на Азар изедначи на 1:1, а потоа Игуаин погоди за 2:1. Сепак гостите го возвратија ударот во 25. минута кога пред голот на домашните се снајде Ешли Барнс за 2:2.

Тренерот на „сините“ Маурицио Сари беше исклучен поради жестоки протести кон судијата.

Челси се врати на четвртото место но има само бод повеќе од Арсенал и три од Манчестер Јунајтед, а имаат и натпревар повеќе.