Поранешниот капитен на Селтик Били Мекнил почина денеска на 79-годишна возраст. Славниот играч и миленик на навивачите со години се борел со деменцијата, а како што стареел состојбата се влошувала.

Били е најдобриот фудбалер што Селтик го имал во своите редови. Тој секогаш бил ведар, насмеан, никогаш не одбивал да оди да се поздрави и да позборува со навивачите, а им благодари што тие раскажуваат за него, пејат песни за него за време на натпреварите на Селтик.

Мекнил како капитен го предводеше Селтик до единствената европска титула во 1967 година кога во финалето во Лисабон беше совладан Интер со 2:1. Тој всушност бил првиот Британец кој го кренал трофејот наменет за европскиот клупски првак, а таа година Селтик стана првиот клуб од Обединетото Кралство кој ја освоил европската титула.

Целата кариера ја поминал во Селтик и одиграл преку 780 натпревари.

Мекнил како играч и капитен деветпати бил шампион на Шкотска и уште седум пати го освојувал ФА Купот. Четирипати ја освоил титулата како менаџер на Селтик во период од 1978 до 1988 година, а трипати и купот. Бил тренер и на Манчестер Сити и на Астон Вила.