Пред стартот на четвртфиналните пресметки со Пик Сегед, СЕХА на освојата официјална страница излезе со интересни факти, кои водат само кон едно, Вардар би можел да ја освои титулата во Лигата на шампионите.

Онаа 2017 година се почна во Брест. Македонскиот првак прво го подигна пехарот во регионалното натпреварување, во финалето постигна 26 гола, а додека во Ол-стар тимот се најдоа четворица играчи на „црвено-црните“. До ваквиот успех ги предводеше шпанскиот стратег Раул Гонзалез, а круна на сезоната беше титулата во Лигата на шампионите.

Две години подоцна, се повторува истото сценарио. Вардар во Брест ја одбрани титулата дојде до хет-трик, исто четворица ракометари се најдоа во идеалниот тим, а во финалето македонскиот првак постигна 26 поени.

И овој пат на клупата беше шпански тренер, Роберто Гарсија Парондо. Останува да се исполни последната задача ЛШ. Но за разлика од таа 2017 година, „црвено-црните“ се соочуваат со сериозен проблем, пред четвртфиналето Сергеј Самсоненко „дигна раце“, ако не се најде нов силен спонзор следната сезона овој тим заминува во историја.

Секако последниот збор го имаат ракометарите кога станува збор за последните две пресметки против Пик Сегед за пласман на фајнл-фор завршницата во Келн.

Фактите кои ги издвои СЕХА влеваат дополнителна надеж дека чудата се случуваат кога најмалку очекуваме….