Нема ден а во медиумите во Европа, посебно во Турција да нема нешто за Елиф Елмас, што е поврзано за евентуален трансфер во еден од најголемите клубови во Европа. Најново е тоа што Тотенхем и Интер биле во директна битка за потписот на нашиот „дијамант“ и член на Фенербахче.

Како што пренесуваат медиумите од Босфорот, скаути на двата клуба во последно време ги следеле настапите на Елмас, а веќе имале и почетни разговори со раководството на Фенер за висината на отштетата. Кога сме кај Тотенхем да споменеме дека СПОРТМЕДИА пред месец и половина ја извести нашата јавност дека член на потесното семејство на „дијамантот“ бил во Лондон и се сретнал со дел од првите луѓе на „спарсите“. Дали Покетино ќе го добие Елмас? Е за тоа ќе видиме набргу.