Перо Антиќ како ниту еден друг кандидат во минатото добива огромна поддршка во битката за претседателското место во МКФ. Некогашниот капитен денеска во СЦ „Борис Трајковски“ пред медиумите, спортските работници и љубителите на кошарката ќе ја презентира својата програма.

По официјалното објавување на својата кандидатура Антиќ направи вистински БУМ, во неговиот тим се приклучија дури и познати музички ѕвезди, но и ракометни имиња. Меѓу нив е македонскиот репрезентативец, Дејан Манасков, тој на својот „Инстаграм“ профил испрати поддршка до Перо.

За постетување во трката за функцијата прв човек на МКФ влезе спортскиот директор, Владимир Темелковски. Третиот кандидат кој може да сме вмеша во трката е Есад Рахиќ, кој нема спортска биографија, неговата пасија е политиката, беше пратеник во Собранието на Република Македонија, но како што дознаваме, има желба да влезе во кошарката.